Skip to content

Кои сме ние

ЕЛЕН ЈТД ВИНИЦА

Нашата Компанија Елен ЈТД е формирана во 1992 година и активно се занимава повеќе од 25 години со трговија на големо и мало на производи од неколку области и категории.
Компанијата почетниот развој го започнува со малопродажен објект за прехрамбени производи и со трговија на големо и мало на производи како што се сточна храна, брашно и житарици, како своја основна дејност.
  • Својот развој во 2012 година компанијата го продолжува и надоградува со отворање на малопродажен објект за земјоделски препарати и вештачќи ѓубрива, во склопот на магацините на компанијата. 
  • Во 2015 година компанијата го проширува работењето со нов сектор, продажба на градежни материјали за сува и цврста градба.
  • Во 2017 година компанијата го основа својот бренд Елте светот на алатите кој започнува со продажба на рачен и електричен алат, хтз опрема и бои и лакови. За кратко време брендот Елте светот на алатите успева да стане ексклузивен дистрибутер на неколку познати светски брендови: MTX, Gross, Palisad, Daewoo, Rapter, Hardy, Lacuna, Kromaks.
  • Во 2020 година компанијата Елен го отвора својот прв Елте Центар, центар во кој можете да го најдете целиот асортиман на производи на компанијата по одлични цени и загарантиран квалитет.

Историјат на компанијата

1992 година
Основање на ЕЛЕН ЈТД
2012 година
Отворање на малопродажен објект за земјоделски препарати и ѓубрива
2015 година
Проширување на работењето и продажба на градежни материјали
2017 година
Основање на брендот Елте светот на алатите
2020 година
Отворање на Елте Центар

Мисија

Мисијата на компанијата е заедно со целиот тим, да креираме лојални и задоволни потрошувачи и постојано да го зголемуваме асортиманот со нови и иновативни производи.

Визија

Визијата кон која се стреми компанијата и која што претставува водич низ годините е градење на долгорочни односи и поддршка за нашите клиенти и вработени и секојдевно следење на светските трендови во областите кои ги работиме.

0 +
Задоволни клиенти
0 +
Квалификувани вработени
0 +
Производи

Квалитетна и брза услуга

Навремена и брза достава до посакуваната локација

Производи со загарантиран квалитет и одлични цени

Сопствен Сервис